Во "Ронтис" наскоро ќе работат 500 лица

Bez autora
Feb 24 2014

Во македонско-швајцарската компанија за медицински помагала "Ронтис" во Велес при крај се работите за отворање на нов погон. Експертите монтираат комплетно производствена линија во нов, втор погон, со која бројот на вработени ќе се зголеми од сегашните 270 на над 500 работници. Моментално вниманието на инженерите е поврзано со процесот на стерилизација кој како посебен оддел треба во догледно време да профункционира во оваа фабрика. Нашите предвидувања за годинава се дека ќе го зголемиме капацитетот на производство за 50 отсто. За тоа сме подготвени кадровски и технички. Моментално се ангажирани 270 работници. Поседуваме софистицирани машини и опрема кои гарантираат квалитет за потребите на светскиот медицински пазар. Во производството користиме репроматеријали, поточно гранулат, со висок степен на чистота како и пластисајзери што се гаранција за квалитетот на нашите производи, рече Бојана Димовска, директор на компанијата.

Во "Ронтис" наскоро ќе работат 500 лицаВо македонско-швајцарската компанија за медицински помагала "Ронтис" во Велес при крај се работите за отворање на нов погон.

Експертите монтираат комплетно производствена линија во нов, втор погон, со која бројот на вработени ќе се зголеми од сегашните 270 на над 500 работници. Моментално вниманието на инженерите е поврзано со процесот на стерилизација кој како посебен оддел треба во догледно време да профункционира во оваа фабрика.

- Нашите предвидувања за годинава се дека ќе го зголемиме капацитетот на производство за 50 отсто. За тоа сме подготвени кадровски и технички. Моментално се ангажирани 270 работници. Поседуваме софистицирани машини и опрема кои гарантираат квалитет за потребите на светскиот медицински пазар. Во производството користиме репроматеријали, поточно гранулат, со висок степен на чистота како и пластисајзери што се гаранција за квалитетот на нашите производи - рече Бојана Димовска, директор на компанијата.

Според Димовска, напоредно со подготовките околу новиот погон, во најскоро време ќе биде распишан оглас за примање на нови работници кои извесен период, поради специфичноста на производите, ќе мора да одат на обука. Со пуштањето на новиот погон тие ќе бидат подготвени веднаш да почнат со производство.

Со отворањето на новиот погон, компанијата "Ронтис" од Велес не само што ќе го зголеми производството на медицински помагала туку планира да го зголеми и бројот на вработените за нови 200 до 250 работници, со што во многу ќе помогне за решавање на еден од најгорливите проблеми на Велес, невработеноста. Компанијата, која е сместена во погоните на поранешна Свилара, години наназад работи мошне успешно. Минатата година македонско-швајцарската компанија "Ронтис" го оствари најголемото производство на медицинска опрема. Произведе и пласираше на пазарот во повеќе земји, членки на Европската унија, 4 милиони и 750 илјади крвни линии, 600 илјади катетри и над 450 илјади инфузиски сетови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik